Навивачите на Челзи се лути на Давид Луиз бидејќи избра во последниот ден од преодниот рок да го засили нивниот ривал, Арсенал.
Еден од поголемите трансфери на Островот во последениот ден од преодниот рок е оној на Давид Луиз во Арсенал. Тој за сума од девет милиони евра се пресели од Челзи помеѓу „топџиите“ и со тоа Емери се надева дека го решил прашањето во одбраната.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Иако се пишува дека Лампард му соопштил на Луиз дека ќе биде во втор план, односно дека предност ќе добива младиот Кристенсен навивачите се лути на Бразилецот и смислиле план како да му се одмаздат.
Фановите на „сините“ ја преплавиле интерент страницата на ресторанот на Луиз во Лондон. Луиз заедно со Вилијан има ресторан во престижниот „Мејфер“, но изгледа дека оценката на овој ресторан значително ќе се намали.
Навивачите на Челзи започнале „напад“ да го намалат рејтингот на ресторанот на Луиз. Тие оставаат коментари дека храната е ужасна, дека сопственикот е измамник, а „победник“ е еден корисник кој прокоментира дека ресторанот е полн со змии.
„Немојте да одите таму, полно е со змии, во никој случај не го препорачувам тој ресторан“.