Дома Фудбал Англија Навивачите на Челзи се навикнаа на скапи засилувања, па ги шокираа со „пензионер“

Навивачите на Челзи се навикнаа на скапи засилувања, па ги шокираа со „пензионер“

Во последно време, Челзи ги навикна своите навивачи да плаќаат огромни суми пари за своите засилувања.

Сепак, ако им се верува на медиумите од Англија, новото засилување на овој клуб се враќа од пензија, што е големо изненадување за сите навивачи на Челзи.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Станува збор за Гери Кејхил, кој фановите го забележале на една од снимките од турнејата каде се наоѓа Челзи.

Кејхил играше во Челзи од 2012 до 2019 година, освојувајќи ја Лигата на шампионите со клубот и Премиер лигата во 2015 година.

Тој беше капитен во 2017 година, откако Тери престана да игра за Челзи и помина уште две години во клубот.

Потоа играше на Кристал Плејс и последните 18 месеци од својата професионална кариера ги помина во Борнмаут.

Тој реши да се пензионира во ноември, но јасно е дека не издржа долго без фудбал и ќе се врати во Челзи.

Фудбалерите на Челзи пристигнаа во Америка каде ќе играат подготвителни натпревари за новата сезона, а навивачите сфатија дека со нив е и Кејхил.

Сите беа изненадени бидејќи беа навикнати нивните потписи да бидат високоплатени играчи, а не играчи koи излегуваат од пензија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Одреден датумот на кој ќе се игра финалето на Светското клупско првенство, фудбалерите веќе критикуваат

Финалето на Светското клупско првенство во 2025 година ќе се одржи на стадионот „Меклајф“ …