Навивачите на Лацио излегоа со контроверзна изјава во која велат дека е забрането присуство на жени во првите десет реда од нивната трибина.
Пред првиот натпревар во сезоната, почна да кружи неофицијален леток во кој пишува дека стадионот е „свето место“ каде нне треба да им биде дозволен пристап на жените.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во летокот се сигерира жените да одат на другите трибини на стадионот. Исто така се повикува „жените, сопругите и девојките“ да не седат во првите 10 реда од трибината каде се сметени најжешките навивачи.
„Нашата трибина претставува свето место за нас. Постојат непишани правила кои треба да се почитуваат. Првите неколку реда секогаш се доживувале како ровови. Во рововите не дозволуваме жени, сопруги и девојки, тие можат да бида присутни над десеттиот ред. Сите кои го одбрале стадионот како алтернатива за романтична прошетка можат да одат на другите трибини на Олимпико“, велат фановите на Лацио.
Минатата сезона клубот беше казнет поради фашистички и антисемитски пораки и слика со Ана Франк.