Дома Фудбал Навивачите на Барселона засекогаш ќе го паметат 21. јули 2003. година

Навивачите на Барселона засекогаш ќе го паметат 21. јули 2003. година

Барселона денеска на својата официјална страница одлучи да објави дека на денешен ден пред 15 години е направен трансферот кој во голема мера го промени патот на овој клуб.

Каталонскиот клуб пред 15 години на денешен ден го претстави Роналдињо како ново засилување, а Бразилецот со златни букви го запиша своето име во историјата на овој клуб. Тогаш сите веруваа дека Роналдињо од ПСЖ ќе се пресели во Манчестер Јунајтед, но се предомисли во последен момент и ја избра Барселона која го доведе за 25 милиони евра.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Роналдињо ќе остане запаметен како еден од последните фудбалски волшебници, а секој негов потег на теренот добар или лош беше испратен со насмевка на лицето. Бразилскиот фудбалер во Барселона помина пет сезони, а пристигна во моментот кога каталонскиот клуб беше во голема криза, а се подоцна е историја.

Во дрсот на Барселона одигра пет сезони, по што си замина во Милан, откако по освојувањето на Лигата на Шампионите стана јасно дека е уморен од се. Роналдињо во Барса одигра 207 натпревари и постигна 94 гола. Со Барса освои пет титули, а сигурно дека најзначајна е онаа во Лигата на Шампионите која Барса ја освои во 2006. година по 14 години чекање.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јирген Клоп нема откупна клаузула, појасни неговиот работодавач

Дали Јирген Клоп може лесно да се врати како менаџер на некој клуб? Пред некое време се зб…