Дома Фудбал Англија Навивачите можат да бидат мирни: Видеото во кое се крши трофејот на Сити било дел од скеч (ВИДЕО)

Навивачите можат да бидат мирни: Видеото во кое се крши трофејот на Сити било дел од скеч (ВИДЕО)

Англиските медиуми утрово објавија дека на прославата на Манчестер Сити се случил инцидент и дека „граѓаните“ успеале да го скршат трофејот од Премиер лигата.

„Граѓаните“ минатата година случајот го разбија трофејот кој им падна и изгледаше дека тоа им се случи и овој пат. Видеото кое се појави на Твитер предизвика големи коментари во англиската јавност, но од „Етихад“ порачаа дека трофејот не е скршен.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


Имено, „Скај Спорт“ објави дека ова било дел од шега која овој клуб ја спрема за својот ТВ канал и дека ова видео не требало да се појави во јавноста толку брзо.

„Манлестер Сити потврди дека ова видео не е такво како што изгледа. Ова е дел од шега која Сити ТВ ја спрема. Никој не го испуштил трофеот и тој не е скршен на прославата на титулата“, соопштија од „Скај Спорт“.

Видеото во целост би требало наскоро да се појави во јавноста, а секако заоснован е на инцидентот кој се случи минатата година кога Зинчеко го бутна трофејот на прославата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Интер го сака промашувањето на Баерн Минхен

Баерн Минхен имаше големи планови со Жоао Пальиња (30) кога го доведе пред една година од …