Дома Фудбал Репрезентации Навивачите испратија свирежи за Гомез, Стерлинг застана во негова одбрана (ВИДЕО)

Навивачите испратија свирежи за Гомез, Стерлинг застана во негова одбрана (ВИДЕО)

Рахим Стерлинг целосно ја превзема вината за инцидентот кој се случи помеѓу него и Џо Гомез, прво на натпреварот помеѓу Ливерпул и Сити, а потоа и на тренингот на репрезентацијата на Англија.

Гомез во вчерашниот натпревар на Англија влезе во игра во 70-тата минута на местото на Маунт кога Англија веќе водеше високи 6:0. Кога спикерот го изговори името на Гомез навивачите испратија силни свирежи.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Ова го гледаше Рахим Стерлинг од вип ложата на стадионот, а после натпреварот се огласи преку социјалните мрежи.

„Порака до сите фанови на Англија. Сакам работите да ги оставам зад себе, но вечерва морам пак да зборувам. Тешко беше да се гледа како соиграч добива свирежи за нешто што јас бев виновен. Џо не направи ништо и тешко е да се види некој со наведната глава после толку напорна работа“, напиша Стерлинг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Волфсбург испаѓа од Бундеслигата поради вештачка интелигенција!

Последен пат кога Волфсбург испадна од Бундеслигата беше во сезоната 1996/1997. Волфсбург …