Ромелу Лукаку одигра фантастична сезона, но навивачите на Евертон полека го губат трпението со белгискиот напаѓач.
Евертон го доведе од Челзи и тоа беше полн погодок на управата на клубот, но сега Лукаку сака нов предизвик.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Лукаку би ја променил средината, а интерес за неговите услуги покажа неговиот поранешен клуб Челзи. Но, наводно „карамелите“ немаат намера да го продадат за помалку од 100 милиони фунти.
Навивачите се бесни, а еден од нив отиде чекор подалеку, па Лукаку го стави на продажба во локалните медиум.
„Ромелу Лукаку – Фантастичен играч, непожелен во Евертон. Одлична цена, само 85 евра во Евертон или повикајте го чичко Бил, а и Фарад Мошири со задоволство ќе го прими вашиот повик“, гласеше огласот.
Everton fan lists Romelu Lukaku for sale in local paper https://t.co/SRKA3Eiouj pic.twitter.com/L7YFvA9XPc
— Zesty Everton News (@zesty_everton) July 1, 2017