Дома Фудбал Италија Навивачите бараат отказ: Јувентус има тројца кандидати за наследник на Алегри

Навивачите бараат отказ: Јувентус има тројца кандидати за наследник на Алегри

Навивачите на Јувентус не се задоволни и бараат смена на Масмилијано Алегри, веројатно и со прави бидејќи „старата дама“ на последните осум натпревари има само една победа и игра далеку под очекувањата.

Јувентус беше во трка со Интер за Скудетото, но со лошите резултати во овие осум натпревари го загуби чекорот и сега се на третата позиција. Треба да се спомене и дека таа една победа Јувентус ја оствари против Фросиноне и тоа со гол во судиското продолжение.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Италијанскиот „Тутоспорт“ денеска пренесува дека раководството на клубот нема да го отпушти Алегри пред крајот на сезоната кога ќе се разговара за неговата иднина, сепак голема е веројатноста тогаш да дојде до разделба.

Во овој момент се споменуваат три опции за можен наследник на италијанскиот стратег – Тијаго Мота од Болоња, Виченцо Италијано од Фиорентина и Рафаеле Паладино од Монца.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Тотенхем нуди најголема плата во клубот за ѕвездата од Премиер лигата!

Еден од фудбалерите на кои ќе биде ставен фокусот во јануари е Антоан Семењо, фудбалер кој…