Дома Фудбал Италија Навивач на Рома заработи доживотна забрана за влез на Олимпико

Навивач на Рома заработи доживотна забрана за влез на Олимпико

Дефанзивецот на Рома, Хуан Хесус се најде на мета на расистички навреди после поразот на Волчицата од Аталанта.

Бразилецот после натпреварот ги објави пораките кои му биле испратени на социјалните мрежи од навивач на Рома.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Помеѓу другото кое му го испратил била и реченицата: „Местото ти е во зоолошка градина, проклет мајмун.“

Хуан Хесус кратко порача дека е горд на тоа што е, а за брзо стигна и реакција од клубот.

Имено, Рома го пријавила случајот во полиција, а профилот е пријавен и на самата социјална мрежа.

Освен тоа од Рома порачаа дека на лицето кои му ги испратило пораките на Хесус ќе му биде забранет влез за натпреварите на римскиот клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Перез се ослободува од Винисиус преку мега-трансфер: Мадрид добива нов крал

Винисиус Жуниор со неговата „експлозија“ во „Ел Класико“ би можел да си пресуди и да ја за…