Aко им веруваме на медиумите на Апенините, Јувентус пронајде засилување за левата бековска позиција.
На „Чизмата“ тврдат дека наредното лето нов фудбалер на Јувентус ќе стане Алекс Грималдо од Бенфика која наводно ги договорил сите детали со „старата дама“.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Како еден од клучните луѓе во целата операција изгледа е Жорж Мендеш кој на Јувентус изминатото лето му ги обезбеди Кристиано Роналдо и Жоа Кансело.
Јувентус се „фрли“ во потрга по лев бек бидејќи клубот би можел да остане бе Алекс Сандро. Како прва опција се споменуваше Марсело, но очигледно тој не е единствена опција.
Грималдо кариерата ја започна во редовите на Барселона, а потоа премина во Бенфика.
Овој фудбалер има 23 години и минатата сезона одигра 37 натпревари, а има и два настапи за младата репрезентација на Шпанија.
#SLBenfica left-back Alex Grimaldo reportedly says ‘yes’ to a summer switch to #Juventus https://t.co/ijITssSx7a #SLB pic.twitter.com/Ca3Jb0Hpni
— footballitalia (@footballitalia) November 16, 2018
https://www.youtube.com/watch?v=0RA_9JmAGR4