Дома Топ вести На Реал Мадрид ќе му бидат одземени бодови во Ла Лига?

На Реал Мадрид ќе му бидат одземени бодови во Ла Лига?

Реал Мадрид веќе ја загуби титулата во Ла Лига, а сега би можеле и да му бидат одземени бодови поради ситуацијата од натпреварот со Гетафе.

„Кралевите“ го победија Гетафе со 1:0 за викендот, но сега на зелена маса би можеле да останат без тие три бода. Денес Гетафе поднесе жалба за спорната замена која ја направи Реал Мадрид во финишот од натпреварот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Одраизола во 84-тата минута требаше да влезе на местото на Асенсио и двајцата веќе се поздравија, н она самата линија Асенсио беше запрен од клупата. Поради повредата на Камвинга, Анчелоти одлучи Асенсио да остане во игра, Одраизола да биде замена за Камвинга.

Меѓутоа во Гетафе се повикуваат на правилото кое гласи: Замената е направена кога играчот од клупата ќе влезе на теренот.

Тие сметаат дека кога Одраизола веќе истрчал на теренот не смееле да се менува и Асенсио морал да биде тој што ќе излезе.

Од Комисијата за натпреварување порачаа дека ќе го разгледаат целиот случај, а Реал Мадрид ќе има три дена да одговори на обвинувањата. Сепак и да дојде до одземање на бодови, тоа нема да промени многу за Реал Мадрид затоа што Барселона веќе ја обезбеди шампионската титула.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Клаузула во договорот на Мурињо ги отвора вратите кон Реал Мадрид

ЖОЗЕ МУРИЊО има клаузула во договорот со Бенфика која може да го направи достапен уште ова…