Дома Топ вести На повидок скандал во Шпанија: Ништо од играњето во САД!?

На повидок скандал во Шпанија: Ништо од играњето во САД!?

la liga

Шпанска сапуница…

Претседателот на шпанскиот фудбалски сојуз Луис Рубијалес жестоко го обвини претседателот на ЛА Лига Хавиер Тебас за идејата некои натпревари да се играат во САД.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Рубијалес и самиот е поранешен учесник во шпанската лига и наведува дека договорот кој го потпишал Тебас со компанијата од америка нема важност без согласност со шпанскиот сојуз.

Ќе потсетиме, Тебас неодамна потврди дека е потпиша петнаесетгодишен договор со американската компанија и дел од тој договор предвидува играње на некои натпревари на американско тло.

Прв таков натпревар треба да биде натпреварот помеѓу Барселона и Џирона од 21 коло во шпанското првенство.

„Она што Тебас го потпиша укажува на целосно непочитување на Фудбалскиот сојуз на Шпанија и слободно можам да кажам дека договорот без наша согласност е неважечки“, изјави Рубијалес.

Се споменува дека во прашање е догово вреден околу 200 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…