Како што пишуваа вчера медиумите, преговорите околу Џибрил Сидибе од Монако се во завршна фаза. Тој може да игра на двете бековски позиции, но Мурињо го користи лево, покрај тоа, овој фудбалер играше и во маневр.
Тој би требало да биде решение, бидејќи Алекс Сандро се двоуми, а ниту Роуз не е решение кое потполно ќе го задоволи Португалецот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
А десно, каде по потреба Валенсија игра во одбраната?
Повторно универзалец, „Мирор“ пишува дека договорот со Атлетико е блиску, дека Шиме Врсалјко е на чекор од „Олд Трафорд“.
Хрватот кој од Италија стигна во Примера, може да игра на обете бековски позиции, но примарно е десен бек.
Неговата цена е 40 милиони евра, го посакуваа Наполи и Интер, но , тие не можат да платат колку Јунајтед, самиот играч нема дилема, и би посакувал да игра во Премиер лигата.
Ако работата биде завршена, за двете бековски позиции, Мурињо ќе плати близу 100 милиони евра, за што го обвинуваше Гвардиола изминатото лето.