На мета на Кинезите се најде и хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ. Имено, неименуван кинески клуб испратил непристојна понуда за плејмејкерот на Реал Мадрид, тврдат шпанските медиуми.
Имено, на Модриќ му нудат договор на три години како и двојно поголема плата од онаа која ја заработува во Мадрид, што значи дека годишно би добивал 15 милиони евра по сезона. Меѓутоа Лука кажал категорично – НЕ.
Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓
Оваа информација „Дон Балон“ ја пласираше пред натпреварот од Лигата на шампиони, каде Реал вечер му гостува на Наполи после првите 3:1 на „Сантиаго Бернабеу“.
„Знаеме дека не чека тежок натпревар, како и секогаш во Лигата на шампиони. Но ние сме спремни. Сигурно дека ќе имаат поддршка од нивните феноменални фанови, но играме 11 на 11. Атмосферата ќе биде феноменална, а тоа ќе биде и додатен мотив за нас“, истакна Зидан пред натпреварот.