Дома Фудбал Останато Јувентус му нуди нов договор на Манџукиќ – познати условите!

Јувентус му нуди нов договор на Манџукиќ – познати условите!

Марио Манџукиќ е апсолутен миленик на навивачите на Јувентус.

Хрватскиот напаѓач секогаш е жртвуван и подготвен на борба до последната капка пот, па секоја гласина дека ќе го напушти Торино ги загрижува навивачите на Јувентус. Сепак, сега стигнуваат вести дека Јувентус наскоро ќе му понуди продолжување на договорот на Манџукиќ, но „во замена“ за помала плата.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Според пишувањето на „Corriere dello Sport“, Јувентус сака да го продолжи договорот на Манџукиќ, кој важи до 2020. година, за уште две или три сезони. Сепак, „Старата дама“ ќе бара од Манџукиќ да прифати намалување на платата од сегашни 3,5 на три милиони евра. Еден дел од неговите примања, по новиот договор, би пристигнувале од различни бонуси.

Доколку Хрватот ги прифати условите на новиот договор и ја продолжи соработката за дополнителни две или три сезони многу е веројатно дека кариерата ќе ја заврши во Јувентус со оглед на тоа што има 32 години. Потсетуваме, Манџукиќ и синоќа беше херој на Јувентус, бидејќи постигна еден гол во победата на својата екипа над Интер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Не, не се шегуваме: Тандемот на Манчестер јунајтед е најдобар во Премиер лигата во октомври!

Месечните награди од Премиер лигата за месец октомври отидоа кај „црвените ѓаволи“ од Манч…