Дома Фудбал На „кралевите“ им олесна: УЕФА нема да го казни Рамос

На „кралевите“ им олесна: УЕФА нема да го казни Рамос

УЕФА одлучи да не отвора дисциплинската постапка против Серхио Рамос, кој иако беше суспендиран се симна на клупата на Реал за време на мечот со Јувентус.

Имено Серхио Рамос поради жолти картони не настапи на реваншот со Јувентус, но наместо од трибините капитенот завршницата од средбата ја проследи од тунелот, а во еден момент се најде и на клупата на „кралевите“.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Правилата налагаат суспендираниот играч да не доаѓа во допир со теренот, па во Мадрид стравуваа дека Рамос би можел да добие дополнителна санкција.

Во образложението на УЕФА се вели дека „ниеднаш не стапнал на ниво на кое се наоѓа теренот”, па поради тоа нема да биде отворена дисциплинска постапка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…