Бешикташ ја испрати првата понуда за голманот на Ливерпул, Симон Мињоле, кој најверојатно ќе го напушти „Енфилд“ по доаѓањето на Алисон.
Веста денес ја пренесе „Скај Спорт“ без да ги обелодени финансиските детали од понудата. Мињоле во моментов е трет голман на „црвените“ бидејќи Кариус има предност пред него.
Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓
Јирген Клоп изјави дека сака да ги задржи тројцата голмани, но самиот Мињоле иснистира да биде продаден бидејќи сака поголема минутажа, а наводно веќе постигнал договор со турскиот клуб.
Beşiktaş have made contact with Liverpool over a deal for Simon Mignolet. #ComeToBesiktas (Source: Sky Sports) pic.twitter.com/SdBUt3IOur
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) July 27, 2018