Дома Фудбал Останато На Донарума му се заканува „пекол“ ако Зидан пристигне во ПСЖ

На Донарума му се заканува „пекол“ ако Зидан пристигне во ПСЖ

Тренерот на ПСЖ, Маурисио Покетино се споменува како главен кандидат за празното тренерско столче во Манчестер Јунајтед.

Самиот Аргентинец сака да се врати во Премиер лигата, а раководството на ПСЖ веќе му најде замена.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Имено, Зинедин Зидан е главен фаворит за преземање на тимот на ПСЖ, а „Марка“ открива дека ѕвездите на тимот веќе биле информирани дека ќе дојде Французинот.

Доколку Зидан пристигне во ПСЖ некои фудбалери би можеле да преживеат непријатни моменти, а пред се тука се мисли на Џанлуиџи Донарума. Италијанецот во летниот преоден рок пристигна како слободен играч и за местото во тимот се бори со Кејлор Навас.

Познато е дека Зидан е голем симпатизер на Кејлор Навас и добро ги познава неговите квалитети. Медиумите откриваат дека тој сигурно ќе биде прв избор и Донарума многу ретко ќе добива шанса за настап.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Бове пуштен од болница

Играчот од средниот ред на Фиорентина, Едоардо Бове, е отпуштен од болница по операцијата …