На денешен ден, 13 јануари 2019 година, Лионел Меси испиша нова страница во шпанскиот фудбал.
Пред пет години, аргентинскиот напаѓач го постигна јубилејниот 400-ти гол во Примера, со што стана дел од историјата на шпанското првенство.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Така тој стана првиот играч на кој тоа му успеало во една од петте најсилни европски лиги.
Аргентинскиот волшебник ги постигна сите 400 гола во дресот на Барселона.
Јубилејниот гол се случи на натпреварот против Еибар во 19. коло од шпанскиот шампионат кој каталонскиот клуб го доби со 3:0. Историскиот гол на Меси беше постигнат во 53. минута од натпреварот на „Ноу Камп“.
Интересно, Меси постигна дури 326 гола со левата нога, 59 со десната, додека останатите 14 беа со глава. Постигна еден гол со друг дел од телото.
На стрелецот му беа потребни 435 натпревари во каталонскиот тим за да ја достигне споменатата квота. Преведено во години, Аргентинецот влезе во „клубот 400“ по речиси 14 години играње во шпанската лига.