Дома Топ вести На денешен ден дебитираше момчето кое ја промени фудбалската историја (ВИДЕО)

На денешен ден дебитираше момчето кое ја промени фудбалската историја (ВИДЕО)

На тој 16-ти откомври во завршницата од натпреварот против Еспањол вчезе момчето со бројот 30 на грбот. Останатото е историја.

Беше тоа 16-ти октомври 2004 година, Лео Меси дебитираше за Барселона во официјален натпревар. Се играше 84-тата минута кога Лео влезе на теренот со бројот 30 на местото против Еспањол. Имаше 17 година и 22 дена. Стана најмладиот дебитант во историјата на Барселона, но неодамна тој негов го сруши Ансу Фати.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Од тој ден до денес Меси има константна еволуција како играч и како личност. Лео освои вкупно 34 титули со Барселона – 10 во Примера, четири во Лигата на шампионите, пет шпански купа, три УЕФА Суперкупа, три ФИФА Светски клупска првенства. Освои пет Златни топки, шест Златни копачки, а последна индивудална награда му беше наградата од ФИФА „The Best“.

Иако освои толку многу и има 32 години Меси се уште има желба и амбиции да победува и освојува трофеи.

„Се уште не е готово“, порача Меси неодамна пред излегувањето на специјално дизајнираните копачки од „Адидас“ за него.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Њукасл донесе страшно засилување од 64 милиони

Офанзивецот на Нотингем Форест, Ентони Еланга, е новиот фудбалер на Њукасл. Оваа вест вече…