Дома Фудбал Останато На 34 години се пензионираше Колумбиецот од кој очекувавме многу повеќе

На 34 години се пензионираше Колумбиецот од кој очекувавме многу повеќе

Oд Џексон Мартинез фудбалската јавност очекуваше многу, многу повеќе кога тресеше мрежи во Порто, но Колумбиецот не ги исполни очекувањата.

Поранешниот напаѓач на Порто и Атлетико Мадрид одлучи да објави крај на кариерата на 34 години. Иако имаше понуда за соработка со Депортиво Индепендиенте Меделин тој одлучи Портимоненсе да биде негов последен клуб во кариерата.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Мартинез сега ќе побара некои нови предизивци. Кога направи трансфер во Мадрид медиумите пишуваа дека Колумбиецот е свртен кон верата и Бог, а тоа го докажа затоа што веќе некое време тој снима песни со религиска конотација.

Јасно е има свој пат, но како што кажавме очекувавме многу повеќе од човекот кој своевремено го замени Фалкао во Порто.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Нов проблем за Анчелоти: Се повреди и Винисиус, познато колку ќе паузира

Реал Мадрид не е толку далеку од Барселона на врвот во Ла Лига и „кралевите“ имаат четири …