Дома Фудбал Репрезентации На 33 години дебитираше со гол за Италија

На 33 години дебитираше со гол за Италија

Соништата се остваруваат и тогаш кога не очекуваме, а доказ за тоа е последната ситуација во репрезентацијата на Италија и со Франческо Капуто.

Франческо Капуто дури на 33 години дочека за првпат во кариерата да дебитира за националниот дрес и тоа деби беше посебно – постигна гол! Во натпреварот со Молдавија по 23 минути поминати на терен се запиша во листата на стрелци.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


На почетокот од неговата кариера Капуто во главно играше во пониските лиги во Италија. Со Бари во сезоната 2008/2009 избори место во Серија, но тогаш клубот го позајмица во Салеритана и Капуто остана во Серија Б. Сепак, две сезони потоа одигра 12 натпревари за Бари во најсилната италијанска конкуренција, а потоа пак се врати во Серија Б овој пат во Сиена. Откако се врати во Бари овој клуб одново играше во втора лига.

Во 2018 година конечно доби трансфер во екипа која игра во Серија А и довербата ја оправда. Како играч на Емполи постигна 40 гола на 89 натпревари. Следуваше трансфер во Сасуоло каде што продолжи да игра одлично па дочека и повик од селекторот Роберто Манчини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Барселона го „блиндира“ Педри

Барселона сака што поскоро да го продолжи договорот на Педри и со тоа да одговори на интер…