Дома Фудбал Англија Мурињо ја доби битката со Гвардиола, Тотенхем го симна Челзи од врвот!

Мурињо ја доби битката со Гвардиола, Тотенхем го симна Челзи од врвот!

Тотенхем и Мурињо денес во дербито со Сити уште еднаш покажаа дека сезонава веројатно ќе бидат кандидат за титулата во Премиер лигата.

„Петлите“ одиграа добар натпревар и ги совладаа „граѓаните“ со 2:0. Натпреварот беше отворен рано уште во 5. минута од мечот, а стрелец беше Сон Хеунг Мин. Мрежата на Лорис се затресе после нешто помалку од половина час игра, погоди Лапорт. Сепак, овој гол беше поништен поради офсајд.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Со водство од 1:0 Тотенхем замина на полувреме.

Во второто полувреме Манчестер Сити повторно имаше иницијатива, меѓутоа големи шанси скоро и да немаа. Конечните 2:0 го постави Џовани Ло Селсо после одличната асистенција од Хари Кејн.

После овој триумф Тотенхем ќе го симне од врвот Челзи и ќе остане таму барем до натпреварот помеѓу Лестер и Ливерпул кој се игра утре.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Погледнете како голманот на Звезда и подари гол на Франција

Репрезентацијата на Франција го совлада Израел со 1:4 во Будимпешта, каде Израелците беа д…