Meнаџерот на Тотенхем Жозе Мурињо беше задоволен после победата над Норвич во 24. коло од Премиер лигата и потенцираше дека неговиот тим има проблеми со повредите.
Тотенхем успеа да ја зачува предноста против Норвич и да слави со 2:1. Меѓутоа тимот на Жозе Мурињо не изгледа добро бидејќи има голем број повреди. Најголем проблем сигурно е повредата на Хари Кејн за кого во овој момент нема замена. Не само што немаат играч кој има такво влијание на играта, туку Спарси немаат ниту резервен напаѓач.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Ние сме во ситуација во која морам да мислам, мислам, мислам…Кога ќе погледнам на клупата гледам дека немам напаѓачи. Морав да го извадам Ламела поради замор, но покажавме неверојатна реакција за да дадеме гол. Кога Челзи сака да победи во игра влегува Батшуаи. Кога Сити сака да го промени Габриел Хесус влегува Агуеро“, спореди Мурињо.
Поради ваквата ситуација Тотенхем е во потрага по напаѓач, а според последните информации „петлите“ се многу блиску до ангажман на Вилијан Жозе од Реал Сосиедад.