Maурисио Покетино помина пет ипол години во Тотенхем, а после неговиот отказ во Тотенхем минатата недела го наследи Жозе Мурињо.
Португалецот ја освојуваше Лигата на шампионите со Порто и Интер, може ли тоа да го направи и со Тотенхем? Клубот од северен Лондон играше финале минатата година, но Жозе знае дека само со играње финале не се пишува историја.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Со овие момци нема да се плашам во ниту еден натпревар. Да се дојде до финалето е убаво, но тоа не е историја – историја е да ја освоиш Лигата на шампионите“, јасно порача Португалецот.
Мурињо авантурата во Тотенхем ја започна со победа над Вест Хем од 3:2. Првиот натпревар на стадионот на Тотенхем Мурињо ќе го има во вторник навечер кога во Лигата на шампионите го пречекува Олимпијакос.
Покетино претходно зборуваше дека потребно е „чудо“ за Спарси да ја освојат Лигата на шампионите, а Мурињо денес истакна и дека е тука за да направи чудо. Еве што кажа за натпреварот Мурињо.
„Како менаџер важно е да победите во првиот натпревар дома. Нашиот стадион е најдобар во светот и имаме голема поддршка и затоа ќе се обидеме да направиме добар резултат. Дајте ми време да ги развијам своите идеи и нема да имаме проблем да играме против било кој тим во Европа. Од никого не се плашиме“, изјави Мурињо.