Дома Фудбал Италија Мурињо: Судијата кој седи во својата удобна столица ни одзема многу бодови

Мурињо: Судијата кој седи во својата удобна столица ни одзема многу бодови

Tренерот на Рома, Жозе Мурињо повторно не беше задоволен од судењето во натпреварот против Фиорентина кој Рома го изгуби со 2:0.

Натпреварот беше решен во првите 11 минути кога Фиорентина ги постигна двата гола преку Гонзалес и Боновентура. Првиот гол дојде после сомнителен пенал и тоа Мурињо не пропушти да го прокоментира после натпреварот.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Занеме дека треба да ги почитуваме навивачите на Рома, но исто така сакаме и ВАР нас да не почитува. Судијата кој седи во својата удобна столица и одзема многу, многу бодови на Рома“, изјави Мурињо после натпреварот.

После вчерашниот пораз Рома има 59 бодови, колку што имаат Фиорентина и Аталанта, а пред финалето во Конференциската лига против Фејенорд во првенството ќе се сретнат со Венеција и Торино.

Ќе потсетиме, со евентуално освојување на Конференциската Лига Рома би обезбедила директен пласман во Лигата на Европа наредната сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Крај на приказната: Артета избрка еден од дефанзивците на Арсенал

Фудбалерот на Арсенал Такехиро Томијасу спогодбено го раскина договорот и ќе го напушти ло…