Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо зборуваше пред утрешниот меч со Фулам во Премиер лигата.
„Специјалниот“ особено го пофали новиот тренер на Фулам, Клаудио Раниери како и двајца свои фудбалери.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Знаете дека тука има специјални играчи со специјални карактеристики. Ќе ви дадам неколку примери. Ерера и Рашфорд се такви фудбалери, кои дури и да не изиграат феноменален меч, нивната желба и страст секогаш присуствуваат“, истакна Мурињо.
„Денешниот тренинг ќе ни даде неколку одговори за состојбата на Смолинг, Џонс, Марсијал и Ерик Баи. За Линделоф и Санчез знаеме дека не се спремни. Со сигурност ќе има потреба да употребам играчи кои нема да бидат во полн потенцијал“,додаде Португалецот, кој потоа го пофали својот колега.
„Фулам го има еден од двајцата најважни фудбалери во историјата на Премиер лигата. Тие имаат потенцијал да дојдат на Олд Трафорд и да одиграат одличен меч. Ние имаме потреба од бодови“, заклучи „Специјалниот“.
https://youtu.be/BOpByqGbLQU