Дома Фудбал Италија Мурињо изненади: Го советува својот играч да си замине од Серија А

Мурињо изненади: Го советува својот играч да си замине од Серија А

Вчера Рома беше поразена со 1:0 на гости кај Болоња, после натпреварот Мурињо се пожали дека повеќе прекршоци биле направени над Николо Заниоло кои не биле досудени.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Заниоло во една ситуација доби и жолт картон затоа што судијата сметаше дека глуми. Жозе Мурињо после натпреварот изненади и јавно го советуваше Заниоло да си замине од Серија А.

„Ќе кажам нешто што е против мојот интерес. Ако јас бев Николо Заниоло ќе размислував да заминам од Серија А, за него станува навистина тешко да игра тука. Ме загрижува тоа што гледам како е третиран. Зборувам против мојот интерес, но го советувам Заниоло да оди надвор од Италија“; порача Мурињо.

Сепак, Жозе испрати и честитки до Михајловиќ.

„Му честитам на Михајловиќ за одличниот натпревар. Честитки и до моите фудбалери кои дадоа се од себе“, истакна португалскиот стратег.

Во следниот натпревар Мурињо ќе има проблеми затоа што поради жолти картони нема да играат Абрахам и Красдроп, Ел Шарави, Пелегрини и Виљар се повредени, а Феликс е отсутен поради ковид-19.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ситуацијата со Нејмар станува сѐ покомплицирана, медицинскиот штаб на Бразил даде детали за неговата повреда

Нејмар ќе мора да се опоравува од уште една мускулна повреда која ја доби, во следните 2-3…