Дома Фудбал Италија Мурињо: Изгубивме 4:0, но Дибала беше најдобриот на теренот

Мурињо: Изгубивме 4:0, но Дибала беше најдобриот на теренот

Рома вчера доживеа вистински дебакл од Удинезе на Илија Несторовски, „волчицата“ беше поразена со убедливи 4:0.

После фантастичниот старт со три победи и реми против Јувентус никој не очекуваше ваков пораз за тимот на Мурињо.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Ова беше тежок натпревар, игравме против тим кој знае да игра вакви натпревари. Не можете да си дозволите да примите први гол, кога тоа ќе се случи ваквите екипи се бранат подобри и од контри можат да ви направат многу проблеми“.

Иако изгубија 4:0, Мурињо смета дека Дибала бил најдобриот на теренот.

„Рано во мечот имавме шанса преку Дибала кој настрана од резултатот за мене беше најдобриот на теренот. Примавме гол од секоја контра на Удинезе. Како и да јас преферирам да изгубам еден меч со 4:0 отколку четири по 1:0, така губиме само три бода, не 12“.

„Можеби тешко е за фановите, но фудбалот е таков се случуваат и вакви работи. Во четврток имаме нов натпревар и продолжуваме понатаму“, изјави Мурињо.

Рома во четврток ја чека натпревар против Лудогорец во Лигата на Европа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Делегацијата на Црвена Звезда во Скопје се сретна со Панчев (Фото)

Во Скопје вчера натпревар одиграа Вардар и Црвена Звезда со цел за собирање средства за на…