Според пишувањето на англиските медиуми Арсенал и Тотенхем ќе водат битка за фудбалерот на Норвич, Бен Годфри.
Младиот репрезентативец на Англија има 22 години, а оваа сезона ги привлече вниманието со настапите на Норвич во Премиер лигата.
ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓
Норвиќ веќе ја постави цената од 50 милиони фунти, што делува нереално, но Тотенхем и Арсенал се спремни преку преговори да ја намалат цената.
Квалитетот на Годфри го забележаа и многу клубови ширум Европа, па на лето се очекува голема битка за неговиот потпис.
Сепак, англиските медиуми тврдат дека клубовите од Лондон се фаворити за неговиот потпис и веќе работат на трансферот.