Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо изјави дека знае каква одлука донел Кристиан Ериксен за својата иднина, но не откри ништо повеќе.
Договорот на Ериксен со Тотенхем истекува на крајот на сезоната, а „спарси“ се спремни да го продадат во јануари откако играчот одби да ја продолжи соработката.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Знам каква ќе биде неговата иднина. Имаме отворена комуникација и имаме взаемна доверба. Единствено што можам да ви кажам е дека ја знам неговата иднина, но јас не сум тој кој треба да би открие“, изјави Мурињо.
„Кога ќе реши Кристаин ќе ви открие самиот Моето чувство е дека сака да ни помогне додека е тука, затоа го ставив во игра денес кога имавме потешкотии во второто полувреме и одигра важна улога“, заклучи Португалецот.