Жозе Мурињо брзо по напуштањето на Тотенхем пронајде нов ангажман, во наредната сезона Португалецот ќе биде тренер на Рома со која потпиша договор до летото 2024 година.
Доаѓањето на Мурињо во Рома е главна тема во Италија каде што претходно Жозе работеше од 2008 до 2010 гво Интер. Сега во јавноста се огласи и поранешниот фудбалер на Интер и Рома, Николас Бурдисо.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Знаев дека нешто ќе се случи после објавата дека Фонсека заминува. Ова со Мурињо навистина интелигентно го направија“, смета Бурдисо.
Аргентинецот со задоволство се сеќава на периодот поминат во Интер.
„Имавме одлични моменти и на теренот и во соблекувалната. Жозе е неверојатен и сметам дека Рома со него ќе започне еден нов циклус, но тој е победник со огромно искуство и еден од ретките кои знае како да се носи со притисокот. Знае како треба со играчите и секогаш дава нешто повеќе за да ги освои срцата на сите“, изјави Бурдисо.
Бурдисо дресот на Интер го носеше од 2004 до 2009 година, а потоа премина во Рома каде што остана до 2014 година. Во кариерата аргентинскиот дефанзивец играше уште за Бока, Џенова и Торино каде што во 2018 година ја заврши кариерата.