Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Мурињо за Мундијалот: Португалија без Роналдо нема никакви шанси, Аргентина е просечен тим без Меси

Мурињо за Мундијалот: Португалија без Роналдо нема никакви шанси, Аргентина е просечен тим без Меси

Фудбалскиот свет со нетрпение го очекува Светското првенство во Русија кое започнува за нешто повеќе од еден месец.

Сезоните скоро во сите фудбалски лиги се пред завршување и вниманието полека се насочува кон Русија. Во интервју за англиските медиумите менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, изјави дека Шпанија според него е најголемиот фаворит за трофејот.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Верувам дека Шпанија повторно има голем тим. Способни се за голем подвиг, според мене тоа е селекцијата која е во најдобра форма од сите европски селекции. Ќе видиме што ќе се случи“, изјави Мурињо кој потоа зборуваше за Португалија и значењето на Роналдо за оваа селекција.

„Португалија има интересна екипа. Без Роналдо не би имале никакви шанси за освојување на Мундијалот, но кога го имате него во тимот се е можно. Тука е Аргентина која без Меси е еден просечен тим, но со него се фаворити. Не смееме да го заборавиме и Бразил кој изглеа поспремен од било кога“, изјави Мурињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Маскерано ќе биде нов тренер на Меси и Интер Мајами

Првата клупска тренерска работа на Хавиер Маскерано ќе биде да го тренира еден од најдобри…