Конфликтот помеѓу Жозе Мурињо и Пол Погба е главна тема во англиските медиуми кои тврдат дека Португалецот не може да победи во таја „војна“ и дека тоа ќе се одрази погубно врз тимот.
Тензиите меѓу двајцата се зголемија повторно во последните денови, кога по ремито со Вулверхемптон Французинот си дозволи да ја критикува тактиката на тимот, со што го налути тренерот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Мурињо објави дека играчот повеќе нема да биде капитен, а утрово се појави и видео од тренингот кое го потврдува нивниот конфликт.
„Мурињо мора да почне да ги гледа добрите работи што играчите ги прават. Се чини, сепак, дека тој е во војна со нив. Последните резултати го покажуваат тоа и поразот од Дерби дефинитивно беше голем шок, бидејќи Јунајтед излезе со доволно силен состав“, прокоментира Мартин Кион за „Би-Би-Си“.
„Конфликтот помеѓу Жозе и Погба е огромен. Мислев дека кога Погба ја носеше лентата за неколку натпревари, работите ќе се подобрат. Но сега сè е целосно уништено и не гледам како ќе продолжат од тука натаму. Мислам дека тој целосно ја изгубил соблекувалната и претпоставувам дека има премногу незадоволни фудбалери во неа. Мурињо е еден од најголемите менаџери, но дали е соодветен за стилот на Манчестер Јунајтед? Јас не мислам така. Еден менаџер треба да биде пријател со играчите, а не да војува со нив. Факт е дека тренерот може да биде отпуштен, но Погба не може“, истакна Џејми Реднап за „Скај Спорт“.