Дома Фудбал Останато Мурињо до Лампард и Гвардиола: Ако не сакате да се вратите на терен седете дома и гледајте Бундеслига!

Мурињо до Лампард и Гвардиола: Ако не сакате да се вратите на терен седете дома и гледајте Бундеслига!

Сите сакаме фудбалот побрзо да се врати, а тоа го сака и Жозе Мурињо.

Мурињо претходно ги охрабруваше играчите да тренираат на отворено за да ја одржат формата, а сега кога датумот е поблиску до враќање јасно порача дека сака да излезе на теренот.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Очигледно Мурињо сака да се впушти во акција, а не да седи дома. Англиските медиуми сега откриваат како Португалецот им се спротиставил на видео конференцијата на колегите кои не сакаат да излезат на стадионот пред пандемијата да исчезне.

„Ако сте загрижени и не сакате да се вратите, седете дома и гледајте ги натпреварите од Бундеслигата“, гласела наводно пораката на Мурињо до Пеп Гвардиола и Френк Лампард кои се едни од најголемите заговорници за идејата да се почека со враќањето на теренот.

„Сакаме да тренираме. Очајнички го чекам враќањето на Премиер лигата што е можно побрзо, кога условите ќе го дозволат тоа. Посебно сега кога гледам дека другите првенства полека започнуваат“, изјави пред неколку дена Мурињо.

Инаку, враќањето на Премиер лигата нема да се случи пред 12. јуни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Аморим: Јас сум вистинскиот човек за Манчестер Јунајтед🎥

Рубен Аморим денес ја имаше првата пресконференција како тренер на Манчестер Јунајтед. Амо…