Дома Фудбал Англија Мурињо го критикуваше, сега поради него сака да го напушти клубот?

Мурињо го критикуваше, сега поради него сака да го напушти клубот?

Мурињо не е премногу задоволен од начинот на кој Лук Шо игра, па најверојатно ќе го продаде ова лето.

Лук Шо не добиваше многу прилика за игра кај Португалецот, кој често пати имаше забелешки за неговите настапи, па дури тоа го кажуваше и јавно. Сега англиски „Мирор“ пишува дека Лук Шо е на продажба, но и дека за тоа повеќе ќе зборува после денешното финале од Лигата на Европа.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Цената која Јунајтед ја бара е 27 милиони фунти, истиот износ кој беше платен на Саутемптон кога Лук Шо пристигна во Манчестер.

Наводно интерес за него покажал Покетино, кој со Шо соработуваше во времето кога овој фудбалер настапуваше за Саутемптон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барселона го „блиндира“ Педри

Барселона сака што поскоро да го продолжи договорот на Педри и со тоа да одговори на интер…