Дома Фудбал Италија Мурињо ги земал работите во свои раце, носел микрофон во вчерашниот натпревар на Рома

Мурињо ги земал работите во свои раце, носел микрофон во вчерашниот натпревар на Рома

Фудбалерите на Рома ремизираа вчера против Монца со резултат 1:1, а по натпреварот бурно реагираше Жозе Мурињо.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Португалецот не беше задоволенд од однесувањето на судијата Даниеле Кифи за кого смета дека не беше смирен и дека немал се под контрола на натпреварот.

Мурињо по натпреварот откри и дека имал скриен микрофон за да се заштити.

„Не сум глупав, носев микрофон на натпреварот и снимав се, од моментот кога излегов од соблекувалната се до моментот додека се вратив. Морав да се заштитам.

 Зборуваат дека никогаш не победуваме кога ни суди Даниеле Орсато, но попрво би сакал тој да беше вечерва, подобро го контролира натпревар. Кифи не е некој судија, единствениот талент е што брзо се лути што е спротивно од она што треба да биде еден судија“, изјави трофејниот стратег.

Во март, Мурињо влезе во конфликт со Марко Сера за кого тврдеше дека го навредувал. Португалецот бараше ауди снимка од судијата, но не ја доби, па очигледно сега ги земал работите во свои раце.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Крај на сите дилеми: Се огласи и фудбалерот поради кој беше поништен голот на Хрватска!

Откако заврши натпреварот меѓу Хрватска и Португалија, најголемото прашање беше – да…