Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо никако да пронајде квалитетно засилувања за одбраната, а до крајот на трансфер пазарот остануваат уште два дена.
Мурињо и понатаму не успева да го купи толку посакуваниот стопер, па сега е во трка со времето и му остануваат само два дена. Најпрво пропадна можноста за доведување на Колумбиецот Јери Мина од Барселона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Потоа „црвените ѓаволи“ се обидоа да го купат Тоби Алдервејлед, но Тотенхем ги одби сите понуди. Манчестер Јунајтед не успеа да го убеди ни Лестер да го пушти Хари Мекгваер, па последна оција за Мурињо остана Жером Боатенг од Баерн Минхен.
Имено, Јунајтед денес испратил официјална понуда за германскиот репрезентативец од 25 милиони евра, но Баерн експрено ја одбил и дал до знаење дека Боатенг нема да замине за помалку од 50 милиони евра.
Остануваат уште само два дена, Мурињо е во трака со времето, па останува да видиме дали ќе успее да го донесе посакуваното засилување.