Дома Фудбал Англија Мурињо во овој сегмент е подобар од Фергусон!

Мурињо во овој сегмент е подобар од Фергусон!

Жозе Мурињо полека станува синоним за рекорди.

„Олд Трафорд“ никогаш не бил потежок за „освојување“ од сега. Да, не е грешка! Ниту во „златната“ ера на Сер Алекс Фергусон ова не се случило.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Манчестер Јунајтед не е поразен на домашен терен дури 38 натпревари во низа. Непобедливоста трае од септември минатата година кога со три бода од „Олд Трафорд“ си замина градскиот ривал Манчестер Сити.

Од тој момент „црвените ѓаволи“ имаат импресивен скор од 27 победи и 11 нерешени средби.

Претходниот рекорд беше соборен во вчерашниот натпревар со победата над Бенфика (2:0) во рамките од четвртото коло во групната фаза од Лигата на шампионите.

Иначе, тоа беше и деветти натпревари во низа на кој Јунајтед забележува победа во низ на свој терен.

Нова прилика тимот на Мурињо да го подобри овој рекорд ќе има на 18 ноември кога Манчестер Јунајтед ќе го пречека Њукасл, потоа гостува Брајтон, па ЦСКА, за потоа да пристигне клубот кој последен пат се радувал на „Театарот на соништата“, градскиот ривал Манчестер Сити.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Истиот судија, иста ситуација – Сити доби гол, а на Ливерпул му го поништија (Фото)

Тренерот на фудбалерите на Ливерпул, Арне Слот, беше самокритичен по тешкиот пораз од Манч…