Дома Фудбал Англија Мурињо веќе нема што да чека – Тргнува по големата звезда

Мурињо веќе нема што да чека – Тргнува по големата звезда

Иако до сега потроши околу 300. милиони фунти на засилувања од доаѓањето на Олд Трафорд, Жозе Мурињо смета дека тоа не е доволно, а тоа го кажа после вчерашниот натпревар против Барнли во ПЛ (2:2).

Тој ќе направи се за да го победи Пеп Гвардиола наредната сезона, бидејќи оваа е дефинитивно изгубена. Како што пренесува Дејли Стар Јунајтед ќе тргне по звездата на Јуве, Пауло Дибала.


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


За аргентинскиот фудбалер интерес има и од Барселона, Реал Мадрид, ПСЖ и Баерн Минхен, а истиот извор пренесува дека една од овие екипи за негов ангажман ќе ги чини преку 60 милиони фунти.

 

Мурињо го гледа како идеална замена за Ерменецот Хенрих Михтерјан кој не ги задоволи апетитите на Специјалниот. Во прилог на овој трансфер може да помогне и лошата ситуација во која моментално се наоѓа Дибала.

Имено, тренерот Алегри во последно време константно го држи на клупата и според многумина тоа ќе биде поводот да го напушти клубот.

До сега во оваа сезона Дибала одигра 25 натпревари и постигна 15 погодоци во сите натпреварувања.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Познато колку Јунајтед треба да му плати на Тен Хаг ако го отпушти

Раководството на Манчестер Јунајтед ќе треба да исплати отштета од околу 17,5 милиони фунт…