Дома Фудбал Англија Мурињо: Венгер не ме спомнува бидејќи нема победа против мене

Мурињо: Венгер не ме спомнува бидејќи нема победа против мене

Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо уште еднаш го „пецна“ Арсен Венгер.

Португалецот беше прашан зошто неговиот колега не го спомнал во автобиографијата,која е актуелна овие денови.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


„Затоа што никогаш не ме победи. Сигуно нема да пишуваш за некој кого во 12 или 14 меча не си го победил ниту еднаш. Што има да каже за мене? Ја разбирам целосно неговата ситуација“, ироничен беше Мурињо, кој потоа зборуваше за Герет Бејл.

„Се разбира дека Герет сака да игра. Нема да ви кажам дали ќе игра на следниот меч. Тоа што можам да ви кажам е дека работи напорно и е во добра состојба. Ќе игра или во недела или во четврток“, додаде Португалецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Палмер прави чуда, четири гола за 20 минути

Челзи и Брајтон играат фантастичен меч и во првото полувреме беа видени дури 6 погодици (4…