Дома Фудбал Англија Мурињо брутаен пред дербито: Кога ќе дувне посилен ветер играчите на Сити паѓаат како покосени!

Мурињо брутаен пред дербито: Кога ќе дувне посилен ветер играчите на Сити паѓаат како покосени!

Денешниот натпревар помеѓу Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити ќе биде еден од најгледаните на сите времиња.

По 175-ти пат ќе се сретнат клубовите од Манчестер, но ретко кога во ваква ситуација. „Граѓаните“ после 15 кола имаат 14 победи и само едно реми, па на „Олд Трафорд“ ќе пристигнат со 8 бода предност.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


„Полека. Без разлика дали денес ќе победиме, ремизираме или загубиме, денес сигурно нема да го освоиме првенството. Се уште е е декември“, изјави Пеп Гвардиола, кој нема намера да се брани на „Олд Трафорд“.

„Никогаш не сум негувал дефанзивен фудбал. Јас сакам да се надигрувам, сакам кога мојот тим ја има топката и така ќе се поставиме и на овој натпревар. Ќе престанам да се бавам со оваа работа ако почнам да паркирам автобус пред својот шеснаесетник“, додаде Гвардиола.

Ова ќе биде 20-от меѓусебен натпревар помеѓу Гвардиола и Мурињо. Португалецот доби само 6 меча, а Гвардиола два повеќе. На тие натпревари досудени се 73 жолти и дури 10 црвени картони, а „Специјалниот“ се пожали на однесувањето на играчите на Сити.

„Би рекол дека многу лесни ја губат рамнотежата. Ако дувне малку посилен ветер и тие веднаш паѓаат. Тоа ми е малку чудно“, изјави Мурињо во свој стил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

По осум години одблокирана сметката на ФК Вардар

Oд редовите на Вардар информираа дека конечно клубот по осум години ќе може да функционира…