Португалскиот стратег Жозе Мурињо денес и официјално беше именуван за нов тренер на Тотенхем каде потпиша договор до 2023 година.
Раководството на Тотенхем синоќа изненадувачки му врачи отказ на тренерот Маурицио Покетино, а медиумите на Островот пренесуваат дека Мурињо не бил прв избор за испразнетото столче.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Имено, прв избор на претседателот Даниел Леви бил италијанскиот стратег Масимилиано Алегри, кој моментално е слободен. „Спарси“ го контактирале Италијанецот кој учтиво ја одбил понудата бидејќи сака да одмара оваа сезона, па дури на лето да се врати на тренерската работа.
Островските медиуми откриваат дека втор избор бил Брендон Роџерс кој одлично го води Лестер, меѓутоа „лисиците“ не сакале да слушнат да го пуштат својот менаџер.
Тогаш првиот човек на лондонскиот клуб се свртел кон Мурињо, кој воедно е и најскапа оција бидејќи ќе заработува 13 милиони евра по сезона.