Легендата на Баерн и човек кој со години беше прв човек на клубот, Карл Хајнц Румениге откриве дека Жозе Мурињо бил кандидат за тренер на баварците.
Португалскиот стратег во неговата успешна кариера работеше во Шпанија, Англија и Италија, а имал прилика да води клуб и во Германија. Баерн во минатото преговарал со Мурињо, но сепак се решиле да не го ангажираат.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Жозе Мурињо беше кандидат за наш тренер. Сакаѓе да дојде во Германија и да го води Баерн, но на крајот се решивме за поинаков профил на тренер со карактеристики со кои подобро се совпаѓаат со оние на клубот“.
Румениге искажа и голема почит за Жозе.
„Го почитувам Мурињо и се надевам дека ќе направи големи работи во Рома. Нема збор дека станува за фантастичен тренер“, изјави легендарниот Румениге.