Дома Фудбал Италија Моџи „удри“ по Сари: Тој е катастрофа, секогаш бара оправдувања!

Моџи „удри“ по Сари: Тој е катастрофа, секогаш бара оправдувања!

Поранешниот претседател на Јувентус, Луцијано Моџи, испрати јавни критики кон актуелниот тренер на „старата дама“ Маурицио Сари.

Сари ова лето го презеде кормилото на Јувентус и од него се бараше тимот да победува играјќи добар фудбал, но после три кола е мета на критики.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Сари додатно ја „разгоре“ атмосферата кога после ремито против Фиорентина изјави дека не било лесно да се игра во 15 часот на високи температури.

Сега се огледи и Лучијано Моџи, кој јавно го критикуваше Сари и вели дека тој секогаш бара оправдувања.

Тој има една многу лоша навика, секогаш бара оправдувања, тоа го прави секаде каде што работи. Тоа е катастрофа за фудбалот“, изјави Моџи и застана на страната на Антонио Конте.

„Конте има право да му одговори на таков начин, секогаш сметав дека за да има некакви промени во натпреварот, потребно е да се променат фудбалерите, а тој тоа не го стори. Јувентус има големи шампиони во својот тим кои можат со еден потег да решат натпревар, но, нивната игра не се промени

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…