Дома Фудбал Италија Лучијано Моџи е убеден дека ќе видиме две големи тренерски промени

Лучијано Моџи е убеден дека ќе видиме две големи тренерски промени

alegri zidane

Поранешниот контроверзен директор на Јувентус, Лучијано Моџи е сигурен дека неговиот клуб идното лето ќе добие нов тренер.

Според информациите на Моџи кој често пати знае да дава прогнози за големи промени нов тренер на клубот од Торино ќе биде Зинедин Зидан кој со Реал Мадрид три пати ја освојуваше Лигата на шампионите.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Освен тоа Моџи смета дека Алегри ќе премине во Реал Мадрид.

Самиот Алегри потврди дека го одбил Реал Мадрид после заминувањето на Зидан, но Моџи смета дека за шест месеци ситуацијата ќе биде поинаква.

Зидан пак се поврзуваше со Јувентус откако го напушти Мадрид, но најмногу со директорска функција во таборот на „старата дама“.

Ќе потсетиме Зидан значи многу во кариерата на Јувентус и таму го обожаваат бидејќи од 1996 година до 2001 беше еден од најдобрите играчи на актуелниот шампион на Италија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

На познат словенечки фудбалер му се заканува затворска казна од пет години

На познатиот словенечки фудбалер Тим Матавж (35) му се заканува петгодишна затворска казна…