Дома Фудбал Англија Мојс: Даклан Рајс? Можеби ќе бидат доволни 150 милиони фунти

Мојс: Даклан Рајс? Можеби ќе бидат доволни 150 милиони фунти

Тренерот на Вест Хем Дејвид Мојс е свесен дека неговиот клуб тешко ќе го задржи Даклан Рајс поради интересот од големите клубови.

Зад себе англискиот репрезентативец има неколку добри сезони и неговата цена на трансфер пазарот постојано е во пораст. Мојс сега порача дека фудбалерот не е на продажба, но може да замине ако некој клуб плати астрономска сума.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


„Цената на Рајс е повеќе од 100 милиони фунти. Минатото лето 100 милиони беше малку. Сега можеби 150 милиони фунти ќе бидат доволни, тој не е напродажба“, изјави Мојс.

Во медиумите на Островот Рајс подолго време се поврзува со Манчестер Јунајтед затоа што се најавува заминување на Пол Погба и Немања Матиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Винисиус се обидува да ја убеди ѕвездата на Ливерпул да дојде во Реал Мадрид

По неговата улога во потпишувањето на Џуд Белингем (22) и Килијан Мбапе (27), Винисиус Жун…