Ница синоќа го шокираше ПСЖ на Паркот на принцовите со победата од 3:2 во натпреварот од петтото коло на Лига 1.
Натпреварот го одбележа неверојатниот Мофи, кој го одигра натпреварот на кариерата, но во центарот на вниманието беше дуелот меѓу него и Килијан Мбапе, кој добро виде што направи напаѓачот на Ница по вториот гол.
„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев
Имено, откако Мофи постигна одличен гол за 3:1, тој со прославата ги испровоцира навивачите на ПСЖ бидејќи ја стави раката на уво алудирајќи дека не може да ги слушне, а тоа очигледно му пречеше на Мбапе.
Капитенот на ПСЖ виде што направи Мофи и реши да се справи со него и да му каже неколку зборови. За среќа, судијата и останатите играчи брзо реагираа и прекинаа уште поголем конфликт.
Kylian Mbappé semble ne pas avoir apprécié la célébration de Terem Moffi. 😠
— Actu Foot (@ActuFoot_) September 15, 2023
🎥 @PVSportFR pic.twitter.com/JfaU8Q7Bre