Дома Фудбал Мориба му одговори на Куман: Илјада приказни…

Мориба му одговори на Куман: Илјада приказни…

Илакс Мориба минатата сезона доби прилика во првиот тим на Барселона и таа знаеше како да ја искористи.

Овој 18 годишен играч за врска во вториот дел од сезоната доби прилика да дебитира и одигра солидно. Сепак, неговиот статус во клубот во последните недели се промени затоа што одби да го продолжи договорот кој му истекува летото 2022 година.

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


Тој има богати понуди од други клубови, па бара висока плата која Барсеона не може да си ја дозволи во моментов.

Поради одбиениот потпис Мориба е исфрлен од екипата, па сега самостојно тренера и најверојатно следното лето ќе си замине како слободен агент.

„Пред 2-3 недели имав личен разговор со Мориба. Ситуацијата е ужасна, бидејќи тој има само 18 години и знае дека клубот сака да го задржи. Мојот совет до него беше дека парите не се се, на 18 години тој треба да игра натпревари, а не да мисли на парите. Меѓутоа, неговите агенти мислат различно, па затоа сум разочаран“, изјави Куман, по што веднаш следуваше одговор од Мориба.

„Илјада приказни, а никој не ја знае вистината“, напиша фудбалерот на социјалните мрежи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Бомба“: Лука Модриќ се сели во Милано

Лука Модриќ на крајот на сезоната се прости со Реал Мадрид каде изгради легендарен статус,…