Баерн Минхен вчера беше поразен од Виљареал со 1:0 во првиот натпревар од четвртфиналето во Лигата на шампионите.
Единствениот гол на натпреварот го постигна Арнаут Дањума во осмата минута, а „Жолтата подморница“ лесно можеше да слави и повисока победа. Освен што им беше поништен еден гол кон крајот на првиот дел, имаа шанса да постигнат гол и од половина терен.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во 62. минута Жерард Морено можеше после грешката на Ноер во едно негово додавање додека беше далеку од голот да погоди од својата половина, сепак обидот на Морено заврши покрај стативата.
Neuer 😱😲
— PLFans (@FBWC22) April 6, 2022
pic.twitter.com/pGtcLBkEUf